Инзаги: Уморни сме но нема повлекување ниту оправдување

108

Тимот на Интер синоќа направи кикс на домашен терен. Во рамките од новото коло во Серија А, во Милано одигра само 2:2 со екипата на Болоња и на тој начин направи чекор назад во обидот да го запоседне врвот на табелата.

„Честитки за Болоња. Знаев дека се тежок противник. Игравме добро, но во исто време направивме и многу грешки. Ни постигнаа два гола по одбиени топки. Штета е што не ги освоивме трите бода, но не можам да ги обвинам момците бидејќи го направија она што јас сакав да го направат на теренот“, изјави Инзаги.

„Нормално е да се биде разочаран. Имавме повеќе од една или две шанси да дојдеме до победа на крајот. Лути сме поради пропуштените прилики. Пофалби заслужува и Болоња. Мора да му оддадеме заслуга и на противникот“, истакна поранешниот напаѓач.

Запрашан да ја коментира ситуацијата на врвот на табелата, Инзаги одговори. „Мораме да гледаме само на себе. Ние сме во добра позиција, но напорниот распоред ни прави проблеми. Мора да дадеме уште повеќе од себе, бидејќи секој натпревар во првенството е тежок“ – рече Инзаги. 

ПретходноПостекоглу: Не е можно толку да губиме
СледноДарко Велковски се сели во Унгарија