Досегашниот дефанзивец на тимот на Парма, Војо Кулибали се сели во Премиер лигата, поточно во тимот на Лестер.
За силболична сума од 3.5 милиони евра Кулибали се сели во Англија, а во Парма одигра доста натпревари откако во 2021 година пристигна од Ле Авр.
„Секако дека е чест и привилегија да се биде дел од тимот на Лестер. Едвај чекам да се приклучам на екипата и да дебитирам за тимот“ – изјави Кулибали.
Кулибали инаку може да игра на позицијата десен но и лев бек, а има државјанство на Франција но и на Мали.