Македонската машка ракометна репрезентација веќе нема време за жалење. Колку и да боли фактот дека против Унгарија „црвено-жолтите“ пропуштија победа, сепак мора да се издигнат и целосно да се свртат кон утрешниот дуел со Холандија.
Предводникот на нашиот национален тим не крие дека и утрово имало разочарување, но во составот има играчи кои веќе поминале вакви мечеви и знаат како да ги преболат истите. Верува во своите момци дека ќе максимално ќе влезат на дуелот со Холандија.
„Ќе играме против селекција што не е толку крупна физички и агресивна во нападот и во одбраната како што тоа беше Унгарија, но Холанѓаните ги краси брза игра и мислам дека помалку ни одговараат како ривал. Ги имаме добро анализирано и ќе бидеме подготвени за нив, коефициентите во обложувалниците ги потенцираат нив како големи фаворити, но ние немаме проблем со тоа, исто беше и против Унгарија“, вели селекторот Лазаров.
Мечот меѓу Македонија и Холандија се игра утре со почеток во 18 часот.