Марко Одермат продолжува сезонава да блеска во Светскиот ски куп. Предмалку австриецот обезбеди нова победа на спустот во Венген, каде што триуфмира по четврти пат во кариерата, а трет пат во серија.
Со време од 2:22:58 Одермат ја забележа шестата победа сезонава во Светскиот куп, а вкупно 43. во кариерата.
На втората позиција се пласираше Фрањо Фон Алмен од Швајцарија, додека трет на пиедесталот застана Миха Хробат од Словенија.