Првиот Швеѓанец во дресот на Севиља

107

По десниот бек Монтиел од Ривер Плата, Севиља си ангажира и лев бек и тоа од Шведска, а неговото име е Лудвиг Аугустинсон. Тоа доаѓа од редовите на Вердер Бремен кој од оваа сезона игра во втората германска лига. Швеѓанецот четири години играше во Бундес лигата, а станува првиот шведски фудбалер на „Рамон Санчез Писхуан“.

Тој ја почна кариерата во Бромапојкарна во 2011 година, потоа играше во попознатиот Гетеборг, од таму отиде во дански Копенхаген, па летото 2017 заврши во Вердер.

Аугустинсон за Шведска има 36 настапи, а играше на СП 2018 и ЕП 2020.

ПретходноГвардиола по очајниот старт на сезоната: Немавме време за подготовки, но ќе биде подобро
СледноБутел го освои третото место на Струшкиот турнир