Поради лоши временски услови денеска во стандардната фудбалска зимска база, Анталија, во Турција, нема да биде одигран закажаниот дуел помеѓу екипите на Вардар и Актобе.
Ова за нашиот најтрофеен клуб требаше да биде прв пријателски дуел на овие подготовки, кои стартуваа во Скопје, во базата во Хиподром, а продолжија во Анталија.
Дали Вардар воопшто ќе го одигра дуелот со Актобе, или пак ќе се продолжи со планираниот распиред на останатите мечеви ќе дознаеме во текот на денот.
Покрај ова Вардар вчера во Анталија го промовираше и најновото засилување во името на Мислав Матиќ, хрватски интернационалец, кој што игра на позицијата стопер.