Она што беше јасно и веднаш откако Нејц Цехте падна она паркетот во Арената во Загреб по ударот на ракометарот од Аргентина, дека станува збор за тешка повреда, денеска веќе е и официјално. Се чини дека за него неофицијално заврши сезоната. Ова е голем удар за Пелистер.
Прво се огласија од репрезентацијата на Словенија а денеска и од неговиот клуб, РК Пелистер:
„Првичните прегледи покажаа дека Чехте се здобил со скршеници на три ребра на натпреварот против Аргентина. Тој остана на опсервација во текот на ноќта во Универзитетскиот клинички центар во Загреб, каде што ќе биде спроведена понатамошна дијагностика за проценка на дополнителни повреди. НЕЈЦ!