Македонската ракометна репрезентација во овој момент го игра вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство. Против Катар на одморот, нашата репрезентација води со 21-17.
Филип Кузмановски има четири гола исто колку Лзаревски и Митев, додека Кизиќ има 9 одбрани.
Нашите ракометари добро го отворија мечот, со две украдени топки и два гола од контранапад, Македонија поведе со 3-1 после три минути игра. Со два гола на Лазаревски и една одбрана на Кизиќ, во седмата минута за првпат стоеја со плус три (6-3). Оваа позитива ја имавме и нешто подоцна. По 7-4, Лазаревски доби две минути исклучување, а противникот успеа да доближи на 7-6 во 9-та минута.
Катар во 13-та минута успеа целосно да се врати во мечот, одбраната беше мека, па изедначи на 9-9. Не игравме најдобро во одбраната, противникот постојано ни „дишеше во врат“, благодарение и на пропуштените шанси. Конечно успеавме да казниме две грешки на Катарците, Пешевски и Стојковиќ зголемија на 13-11 во 18-та минута за тајм-аут на Вујовиќ.
И тука не застанавме, нешто подоцна цврстата одбрана, особено на средината каде лесно не пробиваа ракометарите на Катар донесе резултат. По 14-13, Македонија направи серија од 6-1, благодарение на одличниот Кизиќ поведе со 20-14 во 28-та минута. Катарците успеаја да искористат наши грешки, со два гола во низа да намалат на 20-16. Веднаш во следниот напад реализиравме, но дозволиме одбиената топка од Кизиќ да отиде во рацете на противникот за 21-17 на одморот.