Екипата на Вардар во првиот пријателски дуел на подготовките во Анталија, загуби од бугарскиот прволигаш Септември Софија со минимални 1:0. Денешниот меч беше одигран како заменски, за оној неодиграниот вчера против екипата на Актобе од Казахстан.
Мечот имаше добро темпо, во кој тренерот Гоце Седлоски можеше да увиди до каде е неговиот состав што се однесува до подготовката за пролетната полусезона. Единствениот гол на дуелот го постигна Виктор Теистер.
Вардар имаше шанси преку Закариќ, Талевски….
Откако „Црвено – црниот“ табор прими гол, дел од напаѓачите имаа шанси за да израмнат. Закариќ, Талески, Пинтер, беа оние кои се заканија. Седлоски на овој дуел не ги ислористи, Догмо, Талески, Жибрил, Матиќ, Босанчиќ….