Јоветиќ испиша историја: Само втор кој постигнал гол во сите ТОП 5 лиги во Европа

434

Со денешниот гол во дресот на херта во поразот на гости кај Kелн од 3:1, црногорскиот интернационалец Стеван Јоветиќ влезе во историјата на европскиот фудбал. Тој стана само вториот фудбалер во историјата, кој успеал да постигне барем по еден гол во секоја од ТОП 5 лигите во Европа (Премиер лига, Серија А, Ла Лига, Лига 1 и Бундеслига).

Во Англија, Јоветиќ стрелаше за Сити, во Италија за Фиорентина и Интер, во Франција за Монако, а сега го носи дресот на Херта. Пред него ова му успеало само на Романецот Флорин Радучоју.

ПретходноИ без Меси, Барса тргна победнички (ВИДЕО)
СледноБарселона го посакува тандемот на Арсенал!