Парма го купи Јакоб Ондрејка од белгиски Антверпен за сума од 6 милиони евра, во кои ќе се дополнат уште 1,5 милион во зависоност од настапите на играчот во дресот на новиот клуб.
Според новинарот Николо Шира, договорот со 22-годишниот шведски играч од средниот ред е до 2029 година.
Ондрејка во тековната сезона од белгискиот шампионат одигра 22 натпревари, постигна 7 голови и имаше 5 асистенции.