Сан Антонио Спарс извојуваa одлична победа против Индијана nа првиот натпревар од НБА гостувањата, вечерва во Париз во салата „Берси“. Спарс на крајот обезбедија триумф од 140-110 со одлична игра на францускиот репрезентативец Виктор Вембањама, кој беше очигледно мотивиран пред својата публика. Тој постигна 30 поени 13/21, со 11 скока, 6 асистенции и 5 блокади за 32 минути на паркетот.
Спарс во голема мера доминираа, а во последната четвртина ссамо ја потврдија својата доминацијата. Вембањама откако стигна до 30 поени ја натера публиката да скандира „МВП, МВП, МВП“.
Спарс и Пејсерс повторно ќе се сретнат оваа сабота, на 25 јануари, со уште еден меч во „Берси“. Почетокот е закажан за 18 часот.