ЛЕ: Лацио не го дава врвот, Бруно го спаси Манчестер Ј.

88

Со уште една убедлива победа, фудбалерите на Лацио остануваат лидери на табелата во Лигата на европа по 7 одиграни кола. Вечерва на „Олимпико“ во Рим, Лацио со 3:1 го победи Реал Сосиедад и дојде до шестата победа и 19 освоени бода, со кои најверојатно и ќе заврши на првото место во лигашкиот дел од турнирот по последното коло.

Вечерва Лацио уште во првиот дел најави дека бодовите остануваат во Рим. Гила, Закањи и Кастеланос уште во првите 35 минути погодија во мрежата на гостите и веќе беше познат исходот на мечот.

Манчестер Ј. се намачи да дојде до трите бода против Ренџерс. Домашните водеа со 1:0 со автоголот на гостинскиот голман Батленд, но во 88. минута Десерс израмни на 1:1 и го замолкна „Олд Трафорд“. Сепак, домашните со голот на Бруно Фернандеш во 92. минута на крајот ги освоија посакуваните три бода.

Важна победа и за Ајнтрахт (Ф) остварена во второто полувреме на мечот со Ференцварош од 2:0, а три бода освои и ПАОК по победата над Славија од 2:0 со кои останува кандидат за место во нокаут-фазата.

ЛИГА НА ЕВРОПА – 7 КОЛО

Лудогорец – Митјиланд  0:2

Манчестер Ј. – Ренџерс  2:1

ПАОК – Славија Прага  2:0

Ројал Унион – Брага  2:1

РФС – Ајакс  1:0

Ајнтрахт (Ф) – Ференцварош  2:0

Елфсборг – Ница  1:0

Лацио – Реал Сосиедад  3:1

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноВембањама со МВП партија пред своите во Париз за убедлив триумф на Сан Антонио