Македонската ракометна репрезентација вечера во игра последниот меч од главната рунда на Светското првенствп. Нашите момци се во игра за пласман во 1/4 финалето, но патот е тежок и речиси невозможен.
За чудо на СП, математиката вели:
*Ако ја победиме Франција, треба да чекаме Холандија да ремизира или загуби од Австрија, а Унгарија да ремизира или загуби од Катар.
*Ако ние ремизираме со Франција, а Холандија и Унгарија загубат од Австрија и Катар, во тој случај ќе решава гол-разликата.
Комбинациите за четвртфинале на ова Светско првенство се спротивни од оние за за крајниот пласман.
За да Македонија остане во игра за пласман од 13. до 16. место ќе и биде потребна победа на Холандија против Австрија, меч кој се игра во 15:30 часот. Доколку ова сценарио се оствари во тој случај пак Македонија нема да може да се надева на пласман во Топ 8.
Натпреварот меѓу Катар и Унгарија е втор на програмата во Вараждин Арена. Тука ќе биде добредојдена победа на тимот на Веселин Вујовиќ, која нема да го загрози нашиот статус за освојување на најмалку четвртото место.