Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ потпиша нова соработка со неговиот досегашен тим Бора.
Косовскиот прволигаш и Мекиќ се договорија на продолжување на договорот на една плус една година. Амбициозниот тим од Приштина и натаму прав тим кој што планира да биде лидер во тамошната конкуренција, а за тоа секако потребен е и нашиот интернационалец.
Мекиќ и натаму значи ќе биде со статус на играч кој игра во странство, нешто што во нашиот баскет и не е така често. Претходно тој беше дел од екипите на Тимисоара, односнон Задар, а во домашниот шампионат беше дел од МЗТ, Пелистер, ТФТ….