Македонија и официјално го заврши натпреварувањето на актуелното Светско ракометно првенство во Вараждин, Хрватска. Вечерва избраниците на Кирил Лазаров загубија од Франција со конечни 32:25 и на тој начин го завршуваат Мундијалот од 13 до 16. место.
На денешниот меч ние одигравме растеретено, без резултатски императив, и тоа се увиде во нашата игра. Одигравме фајтерски, борбено, но едноставно против така силен противник не можевме повеќе од ова.
Заслуги за тоа добивме од сите, од објективната публика, но и од организаторот кој Марко Митев, по втор пат на овој Мундијал го прогласи за играч на натпреварот.