Иван Галевски на последниот натпревар од групната фаза се најде во финалниот список на Кирил Лазаров. Младиот голман дебитираше против големата Франција, а своите „пет“ минути ги искористи максимално. Запиша три одбрани, една од нив од седум метри.
По завршувањето на вчерашната рунда на мечеви од главната фаза, ИХФ ги издвои најдобрите десет одбрани од седум метри. Во овој тесен избор се најде и Галевски.
𝐓𝐨𝐩 𝟏𝟎 penalty saves today 🙅♂️⛔️#CRODENNOR2025 #inspiredbyhandball @HandballSchweiz pic.twitter.com/9ZXKTp8Hp9
— International Handball Federation (@ihfhandball) January 25, 2025
„Игравме со една велесила во ракометот како што е Франција. Уживање е да се брани и да се игра на ова Светско првенство. Прво, чест и задоволство ми е што бев дел од овој тим, а второ што имав шанса да дебитирам. Фантастично е чувството, секој што почнал да се занимава со ракомет, ова е неговиот сон.
Сите кои бевме тука, го дадовме својот максимум, без разлика кој колку играше. Бевме тука со срце за нашата Македонија. Може да жалиме за бодовите со Австрија и Унгарија, но што е тука е. Овде добивме искуство за наредното првенство кое ни следува“, рече Иван Галевски по мечот.