Капитенот на Шкупи среќен за победата: Сакаме победа на секој следен меч

250

Екипата на Шкупи ја оствари првата победа оваа сезона, откако вчера славеше над Македонија ЃП со 2:0 во еден од највозбудливите мечеви од 2. коло.

Капитенот на чаирчани, Фатих Исмаили изјави дека е среќен за победата и за првите три бода сезонава.

„Тежок меч, но заслужена победа. Работевме напорно во текот на неделата и мислам дека одигравме добро денес. Фокусирани сме цело време и за секој натпревар. Следната недела, имаме два тешки натпревари, но јас сум оптимист и сигурен сум дека ќе имаме добар настап. Посакуваме победа на секој натпревар оваа сезона“, вели капитенот Исмаили.

ПретходноЛиверпул и Хендерсон си подале рака: Капитенот на „Енфилд“ до крајот на кариерата
СледноМекиќ со голема самодоверба: Македонија ја краси тимска игра, очекувам победа