Новак Ѓоковиќ на АО во Мелбурн дојде до полуфиналето каде по првиот сет со Александер Зверев мораше да се откаже. Повредата и болките беа посилни од желбата најдобриот тенисер во историјата да дојде до својот 25-ти гренслем трофеј.
Сега е време за рехабилитација. Повредата на бутниот мускул и тоа како не е наивна, сега е време одмор а познато е и колкава ќе биде паузата за Новак до следниот настап.
Се говори за временски период од најмалку два месеци. Се очекува да се врати на терените на еден од Мастерсите во САД и тоа на Индијаб Велс или Мајами.