Еве зошто новиот формат во Лигата на Шампионите во целост ги оправда очекувањата. Имено познато е дека засега пласман во 1/8 финалето обезбедија само Ливерпул и Барселона. Вечерва ќе ги дознаеме и останатите шест екипи. Од друга страна пласман во нокаут фазата ќе обезбедат екипите кои се од 9 до 24 место, останатите ќе бидат елиминирани.
Сепак, како прво треба да се каже дека ова ќе биде лудило. Имено во исто време се играат 18 мечеви, а дел од гигантите како Манчестер Сити и ПСЖ стравуваат дека би можеле да бидат елиминирани.
Сити игра дома со Бриж и победа ги носи во нокаут фазата, ама има еден услов, а тој е Динамо Загреб да не го победи Милан со 10 голови разлика и повеќе.
ПСЖ гостува кај Штутгарт и реми ги носи двете екипи во следната фаза. Додека пораз јасно е дека не им одговара ни на двете екипи.
Има многу комбинации, многу што и како, но се ќе биде познато вечерва некаде околу 23 часот кога ќе завршат сите 18 мечеви.
Тоа е тоа лудило во Лигата на Шампионите на задоволство на фановите на ова најквалитетно фудбалско клупско натпреварување во светот.
И да кажеме, во случај на ист број бодови прво се гледа гол разликата.