Попова Шапка ќе биде домаќин на претстојното државното првенство во сноуборд и ФИС Сноуборд Куп 2025. Како што објавија од Скијачката федерација на Македонија, напреварите ќе се одржат на 4 и 5 февруари, а освен натпреварувачи од Македонија, своето учество го потврдија и сноубордери од Србија, Турција, Грција и Романија.
Настанот е во организација на Скијачка федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (FIS), ски-центарот Попова Шапка и ски-клубот XMKD, со поддршка на Министерство за спорт и УНИБанка.