Лондонски Арсенал не успеа да го ангажира напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс. Инсајдерот и новинар Фабрицио Романо потврди дека „точиите“ задоцниле во намерите да го донесат англискиот репрезентативец.
Арсенал наводно дал официјална понуда за трансфер на Воткинс во висина од 60 милиони фунти, но Астон Вила ја сметала понудата ненавремена, бидејќи дошла во пресрет на одлучувачкиот натпревар во генералната фаза од Лигата на шампионите, и веднаш истата е одбиена.