Барса го „брка“ Фати на позајмица, тој не сака да замине

385

Барселона по секоја цена сака да го отстрани од составот Ансу Фати и за таа цел имала состанок со неговиот агент Жорге Мендеш од кој изрично е побарано да му најде на Фати нов клуб за следните 6 месеци. 

„Диарио Спорт“ пренесува дека Каталонците го советувале крилниот напаѓач да замине на позајмица до крајот на сезоната за да добие минутажа, но играчот не се согласува. Агентот на 22-годишниот играч разговарал со спортскиот директор Деко и бил запознат со ставт на клубот. Барселона би сакала конечно да го реши прашањето иднината на Фати на лето, кога најверојатно ќе се обиде да го продаде.

Мендеш има понуди за Фати од турски, португалски и шпански тимови, но неизвесно е дали Фати ќе попушти и ќе прифати да замине на позајмица.

ПретходноТрајковски со историски настап и резултат во скок во далечина на митингот во Белград (ВИДЕО)
СледноГолема битка со „среќен крај“ за Португалија: Германија поразена по продолженијата