Сенегалецот Фаустин Сењор е ново дефанзивно засилување за Вардар

686

Едно до последните две најавени засилувања за Вардар во зимскиот преоден рок веќе е во „црвено-црниот“ дрес. Станува збор за дефанзивецот Фаустин Сењор кој доаѓа од екипата на Гиресунспор од Турција.

Станува збор за стопер, кој може да игра и на позицијата дефанзивен играч за врска, и ќе биде уште една големо освежување за Вардар во дефанзивните задачи.

Интересно е што 31-годишниот Сенегалец веќе беше дел од нашето првенство. Тој го носеше дресот на Шкупи пред две години, а соработуваше и со сегашниот шеф на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски.

ПретходноАстон Вила го „откачи“ Арсенал за Оли Воткинс
СледноТрајковски со историски настап и резултат во скок во далечина на митингот во Белград (ВИДЕО)