Нено и Олимпија славеа против европскиот првак, Шортс одличен во победата на Париз со Асвел

76

Вечерва се одиграа пет меча од 24.коло во Евролигата. Милано Олимпија на свој терен, играше и Ненад Димитријевиќ, успеа да слави екстра важна победа против Панатинаикос со 87:75. Македонецот мечот го заврши со четири поени, две асистенции и еден скок за 11 минути колку што мина на паркетот.

Ти – Џеј Шортс имаше уште еднаш одличен настап за својот Париз во француското дерби протув Асвел. Париз победи со 91:82 а Шортс имаше 13 поени, шест асистенции и три скока.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати: Жалгирис – Баерн 82:97, Макаби – Алба 87:93, Басконија – Барселона 88:86.

ПретходноСП: Блескавата Хрватска ја победи Франција и се пласираше во финалето!
СледноЛЕ: Јунајтед со стил до нова победа, Фенер и Жозе се спасија од срам, познато е кој е во 1/8 финалето а кој во плеј – офот!