Екипата на Вардар одигра уште еден меч на подготовките во Анталија. Против екипата на Чаквар од Унгарија, ремизираше без голови 0:0.
На овој натпревар Вардар преку Едис Спахиу имаше ситуација да победи но напаѓачот промаши удар од белата точка.
Уште еден дуел во кој тренерот Гоце Седлоски имаше можност да ја увиди моменталната ситуација на екипата, и до каде е тактичко физичкиот момент на истата. Сепак, Вардар во овој преоден рок донесе 12 нови играчи и нормално е истите да се воигруваат што е можно повеќе.