Иако има уште многу да се игра за да се стигне до пехарот во Лигата на Шампионите, сепак треба да се каже кој од клубовите во изминатата лигашка фаза од новиот формат, заработил.
Ливерпул беше прв по 8.коло, со само еден пораз на осум средби и тоа беше доволно за заработка од цели 100 милиони евра. Оваа сума ќе беше уште поголема ако “Редси“ не беа поразени од ПСВ во последното коло, исто така треба да се каже дека играа и со комбиниран состав.
На второ место по заработка, секако досега, е Арсенал (91 милиони евра), Барселона (90 милиони), Леверкузен (89 милиони), Атлетико Мадрид (86 милиони), Интер (86 милиони).
Ова се суми дадени од специјализираните познати портали, УЕФА допрва треба да ги потврди.
Се разбира со новиот формат во ЛШ, доаѓаат и поголеми пари.