Нашата најдобра фудбалерка одново ќе игра во Шпанија и тоа во тимот на Мадрид кој вечерва со официјална промоција се пофали дека успеал да ја ангажира македонската репрезентативка.
Андонова по одисејата во Саудиска Арабија се врати во Европа, се врати во Шпанија и сега е пред нови предизвици. Да потсетиме дека досега играше за Барселона, Леванте но и други клубови во Европа.