Само екипата на Вулверхемптон губи почесто дома во Премиер лигата од Манчестер Јунајтед. Тимот на Рубен Аморим денеска на „Олд Трафорд“ претрпе пораз од Кристал Палас со 2-0 и со тоа го запиша 13-тиот пораз пред своја публика во последните две сезони.
Од стартот на минатата сезона, „црвените ѓаволи“ дозволија дури 13 пати да завршат со спуштени глави на домашен терен, и само „волците“ се послаб домашен тим од нив, затоа што Вулверхемптон во овие две сезони нанижа дури 16 домашни порази.