Арсенал го „здроби“ Манчестер Сити на дерби натпревар во 24. коло од англиската Премиер лига со високи 5:1. Мечот донесе интересен и возбудлив фудбал во првите 45 минути, откако домашните по само две минути со голот на Одегард поведоа со 1:0.
Сепак, второто полувреме понуди вистинско фудбалско лудило. Халанд постигна гол во 55. минута за 1:1 и ги врати работите на почеток, но радоста на гостите траеше само една минута. Парти погоди во 56. минута за 2:1, а Луис-Скели во 62. минута за 3:1.
Арсенал продолжи со фуриозната игра, а Хаверц погоди за 4:1, а потоа стигна и встинската катастрофа за шампионот, откако Нванери во третата минута од судиското надополнување погоди за конечни 5:1.
Арсенал остана на второто место зад лидерот Ливерпул, а Манчестер Сити е на четвртото место со 41 бод, а трката за титулата за нив е дефинитивно завршена.