Кошаркарите на ТФТ претрпеа пораз на мечот со Шкупи во рамките на 16. коло од домашното првенство со 87-82. За ТФТ кој амбициозно влезе со МЗТ Скопје А. во трката за првото место, ова беше втор пораз едноподруго, односно трети во последните пет средби во првата Мтел лига.
Шкупи успеа да ја оствари својата цел со одлична игра во првото полувреме, кога успеа да го запре нападот на ТФТ и да замине на пауза со предност од 7 поени (40:33).
Во вториот дел видовме прилично израмнета борба, ТФТ се врати во игра во третиот период, но не успеа до крај да го сврти рфезултатот во своја полза. домашните имаа одличен во вед во последната четвртина успевајќи да дојдат и до највисока предност од +15 (80:65), што беше јасен знак дека ќе ја остварат посакуваната победа.
Сила со 24 поени беше најефикасен во домашниот тим, додека кај ТФТ, Стојановски беше прв стрелец со 22 поени.