Ефектот „Лука Дончиќ“ – Далас загуби над 700.000 следбеници!

527

Сите сè уште се обидуваме да ја обработиме веста дека Далас го трејдуваше Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, а се чини дека нема утеха за навивачите на Маверикс.

Само четири часа откако оваа информација беше обелоденета и Лука беше промовиран во Градот на ангелите, Маверикс беа одследени од над 700.000 луѓе на Инстаграм.

Лука е една од најголемите ѕвезди во НБА и секако најважниот играч на Далас, па овој расплет на настаните е очекуван. Можеби долева масло на огнот што никому не му е јасна причината за трговијата и што се случило меѓу двете страни.

ПретходноМанев и официјално си замина од Адана
СледноМарибор се пофали со Али Регба