Екипата на Силекс предмалку во рамките на подготовките во Анталија, загуби од австрискиот лигаш Воитсберг со конечни 0:3.
Во уште еден контролен меч во кој тренерот Александар Васоски имаше можност дополнително да го воигра својот тим, и да согледа со што располага во моментов, Силекс за разлика од противникот не ги искористи своите шанси, па резултатот е таков каков што е.
Кратовци сезонава имаат за задача да го довршат она што го започнаа есеноска, а тоа е лидерската позиција на табелата и минимум излез во Европа, а зошто не и атак на титулата.