Манев и официјално си замина од Адана

655

Јован Манев повеќе не е член на тимот на Адана од Турција. Македонскиот репрезенаттивец преку социјалните мрежи предмалку и официјално се раздели од неговиот досегашен клуб, и напролет ќе го гледаме во нова средина.
„Адана ти благодарам за се“ – напиша Манев објавувајќи дека си заминува од клубот кој изминатиов период имаше многу проблеми.

Последнопласиран е на табелата, имаше многу шпекулации дека има и финансиски проблеми и дека поради долгови ќе биде исклучен од Супер лигата.

Манев дефинитивно значи го напушта клубот во кој доживеа полна афирмација и преку кој стигна и до А репрезентацијата на Македонија.

ПретходноРашфорд: Лесна беше одлуката, се восхитувам на начинот на игра на Астон Вила и на менаџерот
СледноЕфектот „Лука Дончиќ“ – Далас загуби над 700.000 следбеници!