Денеска во Анталија, во екот на своите подготовки, Шкендија одигра уште една пријателска средба и тоа против Сент Полтен, тим од Австрија. Избраниците на стратегот Јетон Беќири беа поразени со 0:1 и тоа со примен гол во 77.минута од средбата. Според најавите од таборот на тетовскиот клуб во Анталија, Беќири и на оваа средба играл со комбиниран состав.
До крајот на својот престој во Анталија, Шкендија ќе ги одмери силите и со Динамо Киев на 6 февруари (четврток).