Раниери затскриено најави: Рома го убедува Анчелоти да го преземе тимот следната сезона

133

Италијанскиот клуб Рома ќе се обиде да го доведе Карло Анчелоти за тренер следната сезона, пишува шпанскиот весник „Ас“. Ова доаѓа откако шпанските медиуми објавија дека Италијанецот нема да остане на кормилото на Реал Мадрид и ќе си замине по завршувањето на актуелната сезона. Актуелниот тренер на тимот Раниери, во завиена форма потврдил дека Рома веќе има план за Анчелоти.

Американското семејство Фридкин, кое е сопственик на клубот од Рим, по секоја цена сака да го види Карлито на кормилото на тимот.

Карло Анчелоти е нераскинливо поврзан со Рома, а голем дел од неговата кариера како фудбалер мина токму во тимот за кој има 171 настап и 12 гола. Сепак, тој никогаш не ја водеше Рома како тренер, за разлика од неговите поранешни тимови во кои играше како фудбалер во Италија – Милан и Парма, на кои им беше и тренер.

ПретходноБатлер со сите сили се обидува да замине во Феникс
СледноИвановски е ново засилување за Алкалоид