Откако попладнево во Неготино успеа со 0:8 да го победи домашниот состав на Вардар (Н), тимот на Работнички се пласираше како последен патник во 1/8 финалето во Купот на Македонија. Стрелци на головите беа Богдановски два, Ганиу два, Затуроски, Алили, Подграѓа и Хасиќ. Со тоа конечно заврши и 1/16 финалето или првото коло во нашето најмасосовно фудбалско натпреварување.
Работнички во целост ја оправда улогата на голем фаворит. На полувреме бепе 0:4, за да во второто полувреме тимот на Јанакиевски постигна уште четири голови и со тоа се пласира во следната фаза.
Со оваа победа Работнички им се придружи на Тиквеш, Силекс, Арсими, Струга ТЛ, Пелистер, Македонија ЃП, Брера, Вардар, Башкими, Шкендија (А), Саса, Скопје, Новаци, Беласица и Брегалница.
Познато е дека Шкендија (Т) поради настаните од последното финале во Купот на Македонија, за оваа сезона е исфрлена од ова натпреварување.










