Екипата на ТФТ денеска се пофали со нов член. Тоа е интернационалецот од Русија Алекс Котов.
Крилниот центар има искуство со играње во САД, односно во колеџ НЦАА лигата, а потоа и во рускиот шампионат.
Со своите 208 сантиметри Котов ќе биде засилување пред се под обрачите но според ТФТ не му е непознаница ниту нападот односно постигнувањето на поени.