Постигна 4 гола во Премиерлигата, а не смее да влезе во клупската соблекувална!?

433

Иако звучи неверојатно, но младата ѕвезда на Арсенал Итан Нванери сè уште не добил дозвола да влезе во соблекувалната на првиот тим на Арсенал. Од безбедносни причини, фудбалерите помлади од 18 години не смеат да ја делат соблекувалната со тимот на сениори.

17-годишниот играч за врска оваа сезона забележа 14 настапи во Премиер лигата и постигна четири гола, а има и еден гол во Лигата на шампионите.

„Кога ќе ги видите Луис-Скели и Нванери како одат еден до друг, разговараат еден со друг, постои врска и хемија меѓу нив. Замислувам дека тоа е нешто посебно за нив затоа што во моментов се уште се во различни соблекувални. Итан сè уште не може да биде во нашата соблекувална, што е незамисливо. Тој се преоблекува на друго место, дури и на денот на натпреварот“, откри менаџерот на Арсенал, Артета.

ПретходноНевил: Најлошо за Манчестер Ј. е што и натаму ќе тонат, а не смеат да го сменат Аморим
СледноВардар подобар од Охрид на пријателски меч