Тренерот на Рома Жозе Мурињо 40 дена не дал изјава за медиумите, а денеска со воодушевување го дочека интервјуто за официјалната страница на „волчицата“. Мурињо ова лето премина во Рома, а познат е по тоа што сака медиумски да се експонира, па често дава и контроверзни изјави и знае да се спречка со некој новинар. Сега призна дека му недостасувале новинарите и пријателите од конференцијата за медиуми.
„Се смеам затоа што поставив рекорд од 40 дена без да дадам изјава. Неверојатно, се фокусирав на работата и заборавив на своите пријатели од конференцијата за медиуми. Денеска дојде тој сен. Дадов интервју за официјалната интернет страница на Рома. Ништо интересно да бидам искрен. Сепак, ми недостасуваа медиумите“, напиша Португалецот на Инстаграм.