ЛШ: Динамо против Шериф во Тираспол, Монако на мегдан со Шахтјор

229

Вечерва и утре се играат првите натпревари од плеј-офот на Лигата на шампионите, односно последното скалило пред пласман во групната фаза. На програмата вечерва се три натпревари, а меѓу поинтересните се игра на „Луј Втори“ во Монте Карло каде Монако ќе го пречека Шахтјор Доњецк.

Монако во претходното квалификациско коло ја елиминира Спарта Прага со две победи, но во првенството почна бавно со само еден освоен бод од два натпревари. Од друга страна Шахтјор го елиминира Генк со две победи, а по четири кола во првенството оствари три победи и еден пораз.

Во Тираспол домашниот Шериф ќе му се спротистави на Динамо Загреб. Молдавскиот шампион е осоколен по онаа победа над Црвена Звезда, а сега оди на мегдан со уште еден клуб од екс-ју просторите. Динамо ја елиминира славната Легија во претходното коло и тоа благодарение на победата во Варшава со што потврди дека е зрел за уште едно учество во групите на ЛШ. Стефан Ристовски повторно ќе биде во комбинација, а не е јасно дали ќе може да игра капитенот Аријан Адеми кој влече повреда.

Во Австрија ќе играат Салцбург и Брондби.Уште еден интересен натпревар со напомена дека Салцбург е во добра форма, запиша четири победи во домашното првенство. Брондби е во лош ритам затоа што доживеа два порази во претходните две кола во домашниот шампионат, а пред тоа три пати одигра нерешено. Освен тоа има неколку фудбалери вон стројот што им создава дополнителни проблеми.

ПЛЕЈ-ОФ ВО ЛШ

ВТОРНИК
МОНАКО – ШАХТЈОР     21:00 ч.
ШЕРИФ – ДИНАМО ЗАГРЕБ        21:00 ч.
САЛЦБУРГ – БРОНДБИ 21:00 ч.
СРЕДА
БЕНФИКА – ПСВ                21:00 ч.
МАЛМЕ – ЛУДОГОРЕЦ 21:00 ч.
ЈАНГ БОЈС – ФЕРЕНЦВАРОШ      21:00 ч.

ПретходноНи Интер, ни Наполи – Емерсон ќе игра во Франција
СледноФилип Најдовски си оди од Тирана!