Се одиграа неколку натпревари од првото коло на турското првенство, а се чини дека ќе гледаме интересна сезона. Галатасарај го совлада Гиресун со 2:0, но мечот го одбележа инцидент во 63. минута. Фудбалерот на Галата Маркао Тешеира му се фрли на соиграчот Керем Актуркоглу.
На Бразилецот „му се стемни“ и со тупаници го удираше соиграчот, а бргу реагирале другите фудбалери и спречија посериозен инцидент. Главниот судија на Тешеира му покажа црвен картон.