Вечерва во 21 часот, ќе се одигра дербито на Мадрид, битката за Мадрид меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид и тоа на “Сантијаго Бернабеу“. Јасно е дека пред овој голем меч кој ќе биде екстра значаен во битката за титулата, во преден план беше Диего Чоло Симеоне.
Аргентинецот на пресот не сакаше уште повеќе да ја зголемува тензијата во врска со судењето и последните потези на “кралевите“ само кажа дека очекува фер и коректно судење и се разбира безпосштедна битка за бодовите.
За тоа дали има намера да игра дефанзивно, тој малку во шега одговори:
“Ме прашувате дали ќе го “паркираме“ автобусот пред нашиот гол? Јас знам само дека со автобус ќе дојдеме на “Сантијаго Бернабеу“ истакна Чоло.
Се разбира дека кажа и тоа дека им верува на своите играчи и дека очекува од нив да одиграат квалитетно и да ги израдуваат фановите на Атлетико Мадрид и тоа дека секој меч против Реал Мадрид е нешто посебно.
Инаку по 22 кола во пресрет на ова дерби, Реал е прв со 49 бодови, Атлетико има 48 а Барселона 45.