Мегваер со гол од офсајд во 90+3.минута донесе победа и пласман во 1/8 финалето во ФА Купот! (ФОТО)

138

Ете затоа мора да има ВАР. Се играше судиското продолжение при резултат од 1:1 во 1/16 финалето во ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Лестер. Бруно Фернадеш ја нафрли топката пред голот на “лисиците“ а таму Хари Мегваер, иако во длабок офсајд, ја зафати топката со глава и успеа да ја затресе мрежата за победа од 2:1 и за пласман во 1/8 финалето во ова натпреварување.

Да се знае, во оваа фаза во ФА Купот нема ВАР и затоа Јунајтед победи, ова да беше меч во ПЛ секако дека ќе беше поништен.

Да кажеме дека гостите имаа водство од 0:1 се до 68.минута кога Зиркзе израмни на 1:1.

Јасно беше дека по ваквиот развој на настаните гостите беа разочарани а Мегваер и другарите беа во еуфорија.

Интересно, Мегваер е екс играч на Лестер, а на клупата на гостите беше Руд ван Нистелрој кој оваа сезона кусо време го предводеше Манчестер Јунајтед.

Image

ПретходноКоло Муани е херојот на Јувентус!
СледноБлескаше Квича, блескаше ПСЖ…Монако декласиран!