Што се случува? Винисиус ја одбил првата понуда на Реал за продолжување на договорот!

277

Што навистина се случува на релација Реал Мадрид – Винисиус? Имено како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Бразилецот ја одбил првата понуда на Дон Флорентино Перез за продолжување на договорот.

Актуелниот му истекува во јуни 2027, а по него Бразилецот зема годишна плата од 15 милиони евра нето. Во понудата на Реал стои дека платата ќе му се зголеми, но сепак нема да биде како онаа на Килијан Мбапе.

Дали тоа го погодило Бразилецот па одбил да стави потпис, тоа го знаат само тој и неговите менаџери.

Во секој случај ќе биде интересно, ако се знае дека тој има баснословна понуда од Саудиска Арабија.

Дали Вини полека, но сигурно гледа кон Саудиска Арабија каде би земал 15-20 пати поголема плата на годишно ниво од она што му го нуди Реал.

ПретходноБлескаше Квича, блескаше ПСЖ…Монако декласиран!
СледноСите почести за Борнмут: Клајверт е играч на месецот во ПЛ, а Ираола најдобар менаџер! (ФОТО)