Скандалозна објава на Реал Мадрид ТВ по дербито: Пеналот е смешен, Лига на Негреира е одвратна!

309

Реал Мадрид синоќа ремизираше на домашен терен во градското дерби против Атлетико (1:1) во 23. коло од шпанската Ла Лига, а скандалозната објава на официјалниот ТВ канал на кралскиот клуб уште еднаш привлече големо внимание.

Сепак, и оваа средба не помина без поплаки од Реал Мадрид за арбитражата, а познато е дека овој клуб неодамна излезе со официјално соопштение во кое тврди дека на одредени натпревари е тешко оштетен.

Незадоволството на Кралевите продолжува и по градското дерби поради досудениот пенал во корист на Атлетико Мадрид.

Гостите успеаја да поведат со 1-0 во 35. минута од средбата со голот на Јулијан Алварез од пенал, откако судијата Градо досуди пенал со помош на ВАР за прекршокот на Чоамени врз Лина. Оваа одлука предизвика негодување кај навивачите и стручниот штаб на Реал Мадрид, иако снимките го потврдија контактот.

На снимката јасно се гледаше дека францускиот фудбалер згази играч на Атлетико, што го натера Градо да досуди пенал, но тоа предизвика низа свирежи и навреди од навивачите на Реал.

Сепак, во Реал Мадрид се уште се убедени дека Градо не требаше да го досуди пеналот, а притисокот кој го извршија врз судиите најдобро го покажа објавата на официјалниот ТВ канал на клубот.

„Овој пенал е смешен. Мораме да играме против судиите, а не против противничките играчи“, се вели во соопштението на Реал Мадрид ТВ, додавајќи.

 „Да зависи од нас, ќе излеземе од теренот и ќе престанеме да ја играме валканата лига на Негреира. Ова натпреварување е одвратно“.

Терминот „Лига на Негреира“ потекнува од тврдењата дека Барселона претходно им плаќал на судиите, но тоа никогаш не е докажано.

Исто така, треба да се истакне дека ова е прв пенал сезонава кој е досуден против Реал Мадрид, додека десет пенали во корист на овој клуб досега се досудени во сезоната во Ла Лига.

ПретходноШок во НБА: Лејкерси го откажаа трејдот – поради неуспешни лекарски прегледи!
СледноНа повидок е голема промена: УЕФА сака да укине едно правило во Лигата на шампионите