Интер му „дише во врат“ на првопласираниот Наполи

99

Фудбалерите на Интер ја совладаа екипата на Фиорентина со 2:1 на вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Интер влезе во натпреварот како апсолутен фаворит и ја оправда таа улога.

Првиот гол на мечот падна во 28-та минута кога дефанзивецот на Фиорентина Понграчиќ си постигна автогол. Гостите го изедначија резултатот во 44-тата минута преку Мандрагора кој ја затресе мрежата од пенал. Во вториот дел Арнаутовиќ го постави конечниот резултат во 52-та минута.

Со овој триумф Интер му се доближи на првопласираниот Наполи и сега е на само еден бод од лидерот, додека пак Фиорентина се наоша на 6. место со 42 бода.

ПретходноМанчестер Ј. ќе го пушти Касемиро на позајмица во Фламенго, но под еден услов
СледноЛоврен: Бројките на Салах се лудост, Ливерпул како да не е свесен што ќе загуби!