Бризи Џонсон и Микаела Шифрин се победнички на алпската комбинација спуст/слалом на тековното светско скијачко првенство во Залбах.
Американките беа неприкосновени денеска и обезбедија најдобро време пред Швајцарија која ја претставѕваа Лара Гут Бехрами односно Венди Холденер.
Бронзата и припадна на Австрија за која настапија Стефани Вениер и Катарина Трупе.
Утре со почеток од 10:00 часот е машката верзија на оваа дисциплина. До викендот се распоредени и слаломските односно велеслаломските трки во двете конкуренции.