Никола Јокиќ е мега – ѕвезда во светски рамки. Важи за најдобриот кошаркар во светот. Србинот со своите несекојдневни потези на секој меч за својот Денвер просто ги остава сите без здив.
Сепак и Никола е само обичен човек кој знае да се изнервира, иако на теренот тоа многу ретко му се случува.
Имено познатиот новинар Мајк Сингер, кој има напишано книга за него насловена – Зошто така сериозно?, истакнува дека некои работи сепак не ги ставил во книгата а биле супер интересни.
Имено според кажувањата на Монте Морис, некогашен соиграч на Јокиќ во Денвер, Србинот и тоа како се изнервирал додека биле на некоја забава. Во еден момент тој истрчал до најблискиот банкомат со намера да извади некој долар, му требале на човекот. Ама банкоматот не му давал пари, картичката била проблем, не работела, едноставно не била во ред.
Замислете, човек што заработува 50 милиони долари годишно најмалку, да си има проблем со картичката.
“Колку сум богат а не можам да си извадам мои пари“ само изустил Јокиќ и просто збеснал, па морале неговите соиграчи да го смируваат.
Ете, тоа е Никола.