Вечерва се испиша историјата во фудбалски Ливерпул. Не толку поради ремито од 2:2, туку поради фактот дека ова бепе последно градско или “Мерсисајд“ дерби кое се одигра на “Гудисон“. Ова беше 120 меч меѓу градскитте ривали на овој стадион. Познато е дека “карамелите“ од следната сезона нема веќе да играат на овој култен стадион.
Кога сме кај мечот да кажеме Евертон и Ливерпул одиграа 2:2. Ливерпул водеше со 1:2 се до 90+8.минута кога Тарковски постигна гол за израмнување на резултатот.
Претгходно “карамелите“ поведоа со голот на Бето во 11.минута, за да “Редси“ дојдоа до пресврт со головите на Мекалистер и Салах. И кога се чинеше дека лидерот ќе дојде до победа се случи лудилото на “Гудисон“.
После мечот имаше инциденти и тепапачка меѓу дел од играчите на двете екипи а судијата Мајкл Оливер мораше со црвени картони да ја смирува ситуацијата.
Ова беше оној меч од 15.коло кој беше одложен заради големото невремо тогаш во Ливерпул.
Fight at the end pic.twitter.com/XxgyzP9SFi
— Liverpool Fanpage (@Liverpoolfp_) February 12, 2025